Со материјален доказ, Владимир Панчевски, судија и поранешен претседател на скопскиот кривичен суд, реагираше откако советот на јавни обвинители ја одби неговата кандидатура за државен јавен обвинител. Советот ја отфрли кандидатурата на Панчевски со образложение дека тој не го исполнува законскиот услов од 10 години непрекинат работен стаж како судија или обвинител во областа на кривичното правo.
Панчевски на својот Фејсбук профил објави официјална потврда издадена од Основниот кривичен суд Скопје, која директно ја оспорува ваквата одлука.
Во потврдата, потпишана од судскиот администратор Дејан Нешовски, стои дека Панчевски бил судија во периодот од 08.02.2008 до 28.07.2020 година.
Вкупен стаж: 12 години, 5 месеци и 20 дена (над законскиот минимум).
Област: Постапувал во Одделението за организиран криминал и корупција, претходна постапка и прекршоци.
Функција: Поранешен претседател на Основниот кривичен суд Скопје.
„Историјата бележи“
„Историјата бележи, Ви благодарам на сите добронамерни луѓе и пријатели желни Македонија конечно да стане правна држава“, напиша Панчевски.

Останува отворено прашањето дали по јавното објавување на овој документ, Советот на јавни обвинители ќе ја преиспита својата одлука или ќе понуди дополнително објаснување за дисквалификацијата на Панчевски.
Проблемите и скандалите во Обвинителството се нижат со години: корупција, политички пресметки, нестручност, внaтрешни кланови кои ги водат институциите... закани до судии, граѓани и други институции.
Најголем скандал сам по себе, во долгата низа скандали во Обвинителството, е неотварањето истрага за обвинителите на СЈО за кои има кривична пријава и за кои државнаиот Завод за ревизија утврди дека во СЈО незаконски меѓу себе обвинителите и службениците си поделиле 4,5 милиони евра.
За да се заташка предметот и да застари, настрадаа виш јавен обвинител и шефот на Вишото јавно обвинителство во Скопје кои даваа насоки истрагата да се отвори, суспендирани и кривично гонети се - од Државниот јавен обвинител Коцевски. Практично целоиот систем на Обвинителството е заробен во интересите и потребите на обвинителите од СЈО!
Долгогодишниот судија, и претседател на скопскиот кривичен суд Владимир Панчевски, е доживеан како човек од страна, стручен и вон контрола на кланот од СЈО, и како таков закана за интересите на моќниот клан на обвинителите од СЈО и тоа е причината за онегово отстранување од кандидатирата за иден Државен (Јавен) обвинител, или шеф на Обвинителството во Македонија.
Разбиениот, корумпиран, клановски организиран обвинитлски систем од дното до врвот - продолжува и понатаму. Довербата од 2% кај граѓаните кои даваат пари за нивната плата е уште помала, срамот и компромитацијата на Обвинителството - уште поголеми.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата