logo
logo
logo

ВАЛБОН ЛИМАНИ БЕГА ОД ОДГОВОРНОСТ ЗА СКАНДАЛОТ СО ВОДАТА ВО ГОСТИВАР

Vecer | 22.07.2026

ВАЛБОН ЛИМАНИ БЕГА ОД ОДГОВОРНОСТ ЗА СКАНДАЛОТ СО ВОДАТА ВО ГОСТИВАР

Валбон Лимани, кандидатот на Венко Филипче, Али Ахмети и Арбен Таравари, покажа дека за него најважно е да ја зачува функцијата, а не довербата на граѓаните. Наместо да излезе пред јавноста со чувство на одговорност и да признае дека како градоначалник ја носи најголемата одговорност за случувањата во Општина Гостивар, тој избра да се огради од скандалот со водата и да порача дека не чувствува никаква морална одговорност – пишува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„Токму тоа е суштинската разлика меѓу политичарите кои преземаат одговорност и оние кои секогаш бараат изговори. Кога целиот град е погоден од ваков сериозен проблем, граѓаните не очекуваат оправдувања, туку отчетност. Ако градоначалникот не е одговорен за работата на луѓето што самиот ги поставил да раководат со јавните претпријатија, тогаш кој е?

Дополнително загрижува молкот на СДСМ, ДУИ и на Таравари. Наместо да побараат одговорност од својот кандидат, тие избраа да молчат. Очигледно, кога станува збор за нивни функционер, стандардите се менуваат, а принципите исчезнуваат.

Никој не смее да биде заштитен од политичка или институционална одговорност. Ги повикуваме надлежните институции целосно да го расчистат случајот, без селективност и без политички калкулации.

Граѓаните на Гостивар заслужуваат одговорност, а не ароганција, заслужуваат градоначалник кој ќе стои зад своите одлуки. Оттука, сметаме дека моралната одговорност и политичките последици за Валбон Лимани се неизбежни доколку сака да покаже почит кон граѓаните на Гостивар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk