Премиерот Христијан Мицкоски упати остри критики до опозицијата, нагласувајќи дека внатрешното разединување и подредениот однос на СДСМ кон Софија се главната пречка за вистински напредок во односите меѓу двете земји. Мицкоски децидно порача дека не може да се очекува подобрување на состојбите сè додека политички фактори во земјава работат против сопствените национални интереси.
„Сè додека има котиња од СДСМ, кои што коленичат и кои што ги распродаваат македонските национални интереси, не очекувам подобрување, наместо да застанат со нас и да се борат за македонските национални интереси, овие котиња одлучија за жолтици да коленичат таму. Инаку, што се однесува до господинот Радев, јас кога победи утрото му честитав, му се јавив да имаме успешни добрососедски односи и се надевам дека со оваа Влада ќе можеме да ги подобриме меѓусоседските односи, ќе може да разговараме за темите за кои што треба да разговараме“, изјави Мицкоски.
Тој додаде дека и покрај ваквите внатрешни пречки, останува отворен за директна комуникација со новата бугарска влада, при што откри дека веќе упатил и покана до бугарскиот премиер Румен Радев да ја посети земјава.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата