Основното училиште „Денче Дејаноски“ во Маврови Анови, кое постои уште од 1957 година, и годинава во прво одделение запиша само едно дете. И покрај долгата традиција и официјалната верификација од Министерството за образование во 1996 година, училиштето се соочува со сериозен предизвик – сè помал број ученици во руралните средини.
Ова е потсетување на еден емотивен момент од 2018-та година.
На социјалните мрежи денес повторно се појави видео кое нè потсети на емотивниот момент од 2018 година, кога училишното ѕвонче во Маврово заѕвони за единствениот првоодделенец – малечкиот Матеј. Со насмевка на лицето и во придружба од неговата мајка, учителката и актерот Игор Џамбазов, тој тогаш го започна своето школување.
Настанот беше симбол на тоа колку значи првиот училишен ден не само за децата и семејствата, туку и за целата заедница. Иако бројките се мали, традицијата, љубовта кон образованието и поддршката од заедницата остануваат големи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата