logo
logo
logo

Синот на идеологот на СДСМ дел од новото раководство на Филипче

Vecer | 22.12.2025

Синот на идеологот на СДСМ дел од новото раководство на Филипче

Очигледно е дека нема граница која Венко Филипче нема да ја помине за да ги задоволи апетитите и агендата на Зоран Заев.На листата на Извршниот одбор на “новото“ СДС се најде и Јон Фрчкоски, син на идеологот на партијата,велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во СДС можете да најдете буквално се што не може на друго место, лица кои се компромитирани, лица кои ги злоупотребиле своите службени позиции, лица кои ќе направат се да останат во близина на поранешниот лидер на партијата, но секако и луѓе кои користат наркотици.

Јон Фрчкоски, за кој пред неколку месеци излегоа фотографии во јавноста каде јасно се гледа како користи психотропни супстанци, на своето работно место.

Филипче немаше коментар за ова, не се огради, па дури и кога Фрчкоски се обиде да даде оставка од директор на Центарот за аналитика на СДС, Филипче не ја изнесе пред Централниот одбор на партијата, па како што изјави и самиот Фрчкоски минатата недела: ,,Не се враќам, никогаш не излегов, мојата оставка не беше разгледана“.

Но, Фрчкоски никогаш не одговори на прашањата поврзани со ова, како на пример, каде ја користел дрогата, од каде му е истата?

Дали во СДС владеат правила на некаква паралелна реалност, со оглед на тоа што очигледно се целосно отсечени од јавната перцепција? Зарем навистина сметаат дека јавноста не го следи и не го разбира она што го прават, и дека лицата што ги претставуваат како ‘нови’ се одамна компромитирани a некои од нив дури и јавно политички потрошени?

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk