logo
logo
logo

Риболов што тргнал наопаку: СЕ САМОПОВРЕДИЛ СО ХАРПУН ВО ЕЗЕРСКИТЕ ВОДИ

Vecer | 19.06.2026

Риболов што тргнал наопаку: СЕ САМОПОВРЕДИЛ СО ХАРПУН ВО ЕЗЕРСКИТЕ ВОДИ

Стружанец се повредил со харпун додека ловел риби во Охридското Езеро, соопшти полицијата.

На 18.06.2026 во 22:25 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ – Охрид е пријавено дека И.М. (31) од Струга, при риболов со харпун во водите на Охридското Езеро во близина на автокамп на охридското крајбрежје, сам се повредил.

По преземени мерки, полициските службеници го пронашле повредениот, по што со возило на Итна медицинска помош е пренесен и задржан во Општата болница во Струга.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk