logo
logo
logo

ИСЛАМ АБАЗИ ИМА ЛИЧНА И ПОЛИТИЧКА КОНЦЕСИЈА кон Ахмети, Заев и Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 15.05.2026

ИСЛАМ АБАЗИ ИМА ЛИЧНА И ПОЛИТИЧКА КОНЦЕСИЈА кон Ахмети, Заев и Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ

На денешната пре-конференција, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеникот Антонио Милошоски обвини дека главниот обвинител во ОЈО ГОКК, Ислам Абази, има „лична и политичка концесија“ кон Али Ахмети, Зоран Заев и Венко Филипче, кои според него се „ментори на неговата кариера“.

На прес-конференција, Милошоски рече дека случајот „Мазут“ доживеал „тивка амнестија“ со одлуката на Обвинителството да ја прекине истрагата за предметот.

Тој посочи дека предметот се однесувал на набавка на мазут вредна 167 милиони евра, а меѓу лицата кои биле опфатени ги наведе Васко Ковачевски, Ерџан Сулкоски, Ратко Капушевски и Асмир Јахоски.

Според Милошоски, иако истражители од Министерство за внатрешни работи обезбедиле докази за корупција, обвинителите Ислам Абази и Катерина Коларевиќ одлучиле да ја прекинат истрагата.

„Јавноста има право да го дознае секој детал за оваа набавка од 167 милиони евра, затоа што во овој случај испадна дека одредени истражувачки новинари беа поефикасни во истрагата од обвинителите Ислам Абази и Коларевиќ.

Владеењето на правото нема да се зајакне со вакви контраверзни одлуки и прекинување на истрагите, владеењето на правото се зајакнува доколку високата корупција и сомнежите за злоупотреба на вакви јавни набавки имаат можност да бидат докажувани со аргументи на Обвинителството и на обвинетите и на адвокатите пред надлежен суд“, порача Милошоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk