logo
logo
logo

РАСТОТ НА БДП КАКО ПРОЦЕНТ Е МЕЃУ ПРВИТЕ 5 ВО ЕВРОПА: Македонија има раст на вработеноста и БДП, пад на задолженоста (ДЕТАЛИ)

Vecer | 03.06.2026

РАСТОТ НА БДП КАКО ПРОЦЕНТ Е МЕЃУ ПРВИТЕ 5 ВО ЕВРОПА: Македонија има раст на вработеноста и БДП, пад на задолженоста (ДЕТАЛИ)

Целта на денешната прес конференција е да го објасниме она што го работиме и какви се бројките, Македонија забрзува и државата мора да оди напред, покажуваме дека со скромни ресурси можеме да направиме многу. Остануваме посветени на решавање на проблемите, враќање на долговите и решавање на нафртената криза која е увезена. Обезбедуваме инвестиции, отвараме нови работни места. Мора да обезбедиме напредок и да ги оставиме изговорите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

- Во време кога регионот и светот се соочуваат со сериозни економски, безбедносни и економски предизвици, кога многу држави се борат со последиците од глобалните кризи, инфлациските притисоци, нарушените пазари и наршената геополитичка неизвесност, покаживаме дека можеме да одиме напред. И покрај сложеното опкружување, државата бележи раст, се движи во позитивна насока и покажува со одговорна политика, дисциплина и јасен план може да се сосздава стабилност, да се потикнува развој и да се отвара простор за подобар живот на граѓаните, потенцираше премиерот.

Тоа е особено важно затоа што успехот во вакви услови, не пред се резултатот на она што претставува наследена состојба туку пред се резултатот на посветена работа, јасни приоритети и решителност државата да не биде заложник на кризите, туку истите да ги решава и надминува, рече Мицкоски.

Ова е Влада која останува посветена на борбата против корупцијата и дека разликата се чуствува во фактот што правдата и правилата мора да важат за секого. Очекувам во периодот кој што следи, темпото и резултатите од работата да бидат уште посилни, посочи Мицкоски.

- Економскиот раст и зголемувањето на БДП не се само бројки, тие се доказ за нашата работа , инвестиции и заедничка посветеност кон подобра иднина. Нашата цел е силна, стабилна и конкурентна економија што ќе создава нови работни места, повисоки палти и подобар животен стандард за сите. Ќе продолжиме со политики што потикнуваат развој, иновации и економски напредок. Заедно чекор по чекор ја градиме иднината на нашата држава, порача македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

РАСТОТ НА БДП КАКО ПРОЦЕНТ ПОВТОРНО Е МЕЃУ ПРВИТЕ ПЕТ ВО ЕВРОПА

- Растот на БДП повторно е помеѓу првите пет во Европа, како процент, а податоците не се наши туку ги објави Евростат, изјави денеска на прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски која ја држеше заедно со министерката за финансии Кочоска.

Мицкоски  ги сподели податоци од Државниот завод за статистика и Евростат според кои во првиот квартал во земјава е остварен раст на БДП од 3,1% што е седми квартал по ред од доаѓањето на владата на ВМРО-ДПМНЕ со раст на домашниот бруто производ.

-Веднаш зад Малта, Полска и Србија е Македонија која е во првите пет во Европа – рече Мицкоски, подвлекувајќи дека тоа се податоци на Евростат.

Мицкоски се повика и на статистичките податоци за индустриското производство и за вработеноста во зeмјава кои , како што рече, говорат за позитивните политики на владата.

-Индустриското производство во април 2026 година е зголемено за 7,6% споредено со април месец минатата година, во првите четири месеци од 2026 година и со тоа, како ретко која држава во Европа имаме индустриско производство кое е во позитива, мала, 0,2%, но е позитива во услови кога ја имаме епски најголемата криза во светот- рече Мицкоски.

Третиот параметар, рече Мицкоски е бројот на нововработени лица која е зголемена во првите 21 месец од доаѓањето на оваа влада.

-Бројот на вработени се зголеми за овој период цели 16.000 нови работни места. Овие податоци се лоша вест за оние кои се молат Македонија да не успее, но добра вест за огромен број на граѓани- рече премиерот.

Премиерот додаде дека цел на оваа влада е да се обезбеди подобар живот на граѓаните.

– Нашата цел е да одиме чекор напред и да се бориме за подобар живот. Секој ден, секој час работиме Македонија да забрзува напред – рече Мицкоски.

ИСПЛАТЕНА Е ЕВРООБВРЗНИЦАТА ОД 700 МИЛИОНИ ЕВРА

Министерството за финансии ја заокружи отплатата на еврообврзницата издадена во 2020 година во износ од 700 милиони евра, со што во целост е исполнета обврската кон инвеститорите, информираше министерката Гордана Димитриеска – Кочоска, нагласувајќи дека процесот е реализиран навремено, со претходно планирани средства и со заштеди на камати.

Димитриеска – Кочоска појасни дека отплатата е спроведена во неколку фази, при што дел од обврската е предвреме сервисирана, а остатокот исплатен согласно рокот на достасување.

– Официјално е заокружена исплатата на еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра. Со тоа, во целост ја исполнивме оваа обврска кон инвеститорите. Средствата од наша страна беа исплатени уште минатата недела, а веќе денеска тие се пристигнати на сметките на инвеститорите – изјави Димитриеска – Кочоска.

Таа потсети дека во февруари годинава Владата пристапила кон предвремена отплата на дел од обврзницата, со цел да се намалат трошоците.

– Како што е познато, во февруари годинава предвреме отплативме дел од оваа еврообврзница во износ од 383,7 милиони евра. Нашата цел беше со средствата обезбедени преку еврообврзницата издадена во јануари 2026 година да извршиме предвремен откуп и на тој начин да оствариме заштеди по основ на камати. На тој начин во буџетот заштедивме 3,2 милиони евра – рече министерката.

Преостанатиот дел од долгот, како што посочи, не бил предвреме откупен поради одлука на дел од инвеститорите.

Преостанатиот дел од еврообврзницата во износ од 316,3 милиони евра главница не можеше да биде предвреме откупен бидејќи дел од инвеститорите не ја прифатија таа можност и поради тоа, а согласно рокот на достасување, сега беа исплатени вкупно 327,9 милиони евра, од кои 316,3 милиони евра главница и 11,6 милиони евра камата – изјави Димитриеска – Кочоска.

Министерката посочи дека отплатата е дел од поширока стратегија за редовно сервисирање на обврските, во услови на економска неизвесност.

Таа информира дека од средината на 2024 година до денес се сервисирани значителни обврски.

Она што е важно да го напоменам е дека од втората половина на 2024 година, кога ја презедовме одговорноста за управување со јавните финансии, па до денес, сервисирани се обврски во вкупен износ од 4,6 милијарди евра. Од нив, во втората половина на 2024 година беа исплатени 786 милиони евра, во текот на 2025 година 2,198 милијарди евра, а во текот на 2026 година 1,571 милијарди евра – изјави министерката.

Во однос на идните обврски, Димитриеска – Кочоска посочи дека државата ќе се соочи со значајни износи за отплата во следните години.

И во наредниот период продолжува процесот на управување со обврските коишто доспеваат за отплата и се во износ од 9 милијарди евра, односно, во 2027 година 1,4 милијарда евра, во 2028 година 1,9 милијарди евра, 2029 година 1,1 милијарда евра, 2030 година 1,7 милијарди евра и 2031 година 1,2 милијарди евра – рече таа.

Министерката нагласи дека средствата за отплатата биле однапред обезбедени. Таа посочи дека економската политика се темели на внимателно задолжување и поддршка на развојот.

– Задолжувањата што ги реализираме се внимателно планирани и се насочени кон две цели – сервисирање на постојните обврски и обезбедување средства за развојни проекти и инвестиции. Тоа е концептот врз кој ја темелиме економската политика – рече Димитриеска – Кочоска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk