logo
logo
logo

Во скопските болници 11 нови хоспитализирани, а 252 ПАЦИЕНТИ СЕ ЛЕКУВААТ ОД КОВИД-19

Vecer | 01.02.2021

Во скопските болници 11 нови хоспитализирани, а 252 ПАЦИЕНТИ СЕ ЛЕКУВААТ ОД КОВИД-19

  • Во ГОБ 8 Септември има вкупно 82 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 83 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 21 пациент.
  • Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 114 слободни места
  • Во изминатите 24 часа дома се пуштени 16 оздравени пациенти.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 11 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 252 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопштија од министерството за здравство.

- Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 2 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 3 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 6 во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 16 оздравени пациенти. Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 22 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациент со симтоми на корона вирусот, велат од МЗ.

Како што соопштија Во ГОБ 8 Септември има вкупно 82 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 83 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 21 пациент.

- Вкупно 252 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 114 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, стои во соопштението на министерството за здравство

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk