logo
logo
logo

ДЕНЕСКА НОСЕТЕ СИ ЧАДОР - Од среда доаѓаат топли денови

Vecer | 01.02.2021

ДЕНЕСКА НОСЕТЕ СИ ЧАДОР - Од среда доаѓаат топли денови

  • Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер
  • Во вторник ќе преовладува облачно време, на места со слаби врнежи од дожд
  • Од среда следува период на стабилно време со натпросечни дневни температури и со услови за магла по одделни котлини.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд со послаб интензитет, на планините во западните делови со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 13 степени.

Во вторник ќе преовладува облачно време, на места со слаби врнежи од дожд. Од среда следува период на стабилно време со натпросечни дневни температури и со услови за магла по одделни котлини.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk