logo
logo
logo

Наместо пари од владата на СДСМ за обука на магариња, оваа влада сега ДАВА ВАУЧЕРИ ЗА КОМПЈУТЕРИ ЗА СТУДЕНТИТЕ

Vecer | 16.07.2025

Наместо пари од владата на СДСМ за обука на магариња, оваа влада сега ДАВА ВАУЧЕРИ ЗА КОМПЈУТЕРИ ЗА СТУДЕНТИТЕ

Наместо давање пари за тренирање магариња, кондоми, измислување нови пици... што беше пракса на поранешната влада на СДСМ и ДУИ, сегашната влада ќе дава пари за младите кои учат и кои со парите ќе имаат бенефит за секојдневниот живот и нивното учење - во комјутери.

Потсетуваат дека секој студент, со навршени 29 години ќе добие по 250 евра или 15.300 денари за да набави техничко помагало.

Сите редовни и вонредни студенти на додипломски студии запишани на државни или приватни факултети во Македонија до наполнети 29 години ќе добијат ваучер од 250 евра (15 300 денари) за набавка на техничка опрема обезбедување на персонален компјутер, таблет компјутер или лаптоп пренослив компјутер. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува изборните ветувања а со овој конкретен проект се обезбедуваат еднакви шанси за секој млад човек. Сите млади ќе имаат еднаков пристап до модерно образование. Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ продолжува со континуирана поддршка, мерки и проекти со цел задржување на младите и студентите во сопствената држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk