logo
logo
logo

НОВОГОДИШНА АТМОСФЕРА ВО СКОПЈЕ ЗА 70.000 ЕВРА, Градоначалникот вети достоинствена прослава за скопјани

Vecer | 14.11.2025

НОВОГОДИШНА АТМОСФЕРА ВО СКОПЈЕ ЗА 70.000 ЕВРА, Градоначалникот вети достоинствена прослава за скопјани

Скопје годинава ќе добие новогодишно украсување и организирана прослава, за што ќе бидат потрошени 70.000 евра, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на седницата на Советот на Град Скопје на која се расправаше за ребалансот на буџетот.

Иако во буџетот за 2025 година првично не беа планирани средства за оваа намена, поради тоа што поранешната градоначалничка Данела Арсовска не распишувала тендери за украсување, градот одлучи дека Скопје овој пат нема да остане без празнична атмосфера. Претходните години главниот град се украсуваше само десетина дена пред Нова година, а јавноста често не добиваше информации кој го вршел украсувањето и како било платено.

На седницата, советничката од СДСМ, Кети Штерјова, побара објаснување од градоначалникот Ѓорѓиевски.

– Градоначалник, најавивте украсување и новогодишна прослава. Тоа е за поздравување доколку се работи за умерено трошење, но не ни е јасно од која ставка во ребалансот се одвојуваат пари за изведувачите и колкава е сумата – праша Штерјова.

Ѓорѓиевски одговори дека точната програма од која ќе бидат пренасочени средствата сè уште не е дефинирана, но увери дека финансискиот план е рационален.

– За прослава на Нова година ќе има 70.000 евра. Сметам дека тоа не е премногу и дека е сосема нормално за да имаме една достоинствена прослава за скопјани – изјави градоначалникот.

Од Град Скопје најавуваат дека деталите за програмата, изведувачите и концептот на украсувањето ќе бидат соопштени во наредните денови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk