logo
logo
logo

„Бугарите во Уставот со гаранции и со одложено дејство, ПО РАТИФИКАЦИЈА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ“

Vecer | 27.03.2026

„Бугарите во Уставот со гаранции и со одложено дејство, ПО РАТИФИКАЦИЈА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ“

Mинималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка за реалните економски параметри и за глобалната економска криза, вели претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски.

– Минималната плата е ниска и треба да оди нагоре, но одлуката мора да биде прагматична – истакна тој.

Говорејќи за надворешната политика, Димитриевски посочи дека Република Македонија треба да остане доследна на своите стратешки партнери, Соединетите Американски Држави, како и на определбите за членство во НАТО и во Европската Унија.

Тој оцени дека конфликтот на Блискиот Исток нема брзо да заврши и дека земјата треба да води прагматична политика.

Во однос на уставните измени, Димитриевски нагласи дека ставот на ЗНАМ останува непроменет – внесувањето на Бугарите во Уставот треба да биде со гаранции и со одложено дејство, по ратификацијата за членство во ЕУ.

– Имаме принципиелен став и додека се почитува, ќе даваме поддршка на владата – рече тој, додавајќи дека решението треба да се бара во дијалогот меѓу Скопје и Софија со посредство на ЕУ.

На прашањето за можноста за предвремени парламентарни избори, Димитриевски истакна дека ЗНАМ е подготвена, но одлуката ја носи премиерот и најголемата парламентарна партија.

Тој нагласи дека ЗНАМ нема да поддржи влада во која ќе учествува, како што рече, „нереформирана ДУИ“.

Додаде дека партијата е задоволна од работата на своите министри, најавувајќи дека за евентуални промени ќе одлучуваат партиските органи.

Димитриевски потенцираше дека Движењето ЗНАМ останува доследно на своите принципи, реформската агенда и заштитата на националните интереси, нагласувајќи дека партијата ќе продолжи да делува одговорно, со јасни позиции и подготвеност за политички одлуки во интерес на граѓаните и државата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk