Бојан Маричиќ, поранешен вицепремиер за евроинтеграции, ќе го преземе местото претседател на Државната изборна комисија (ДИК). Одлуката, според висок партиски функционер, ја донел претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и попладнево ја испратил до Собранието пишува телевизија 24.
Според истиот извор, Филипче ја одложувал одлуката до последен момент, за на крај да го избере Маричиќ за прв човек на ДИК.
Од игра испадна поранешната заменичка за правда и претседател на Изборната комисија на СДСМ, Викторија Аврамовска Мадиќ која формално го прогласи Филипче за нов лидер.
Според извори на Бихаќка, шанси и се даваа и на Марија Митановска од Министерството за правда.
Во меѓувреме, екс заменичката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, Марија Митановска, сопруга на Примослав Димовски, и пратеничката од СДСМ Даниела Марковска, ќе му го продолжат мандатот на Борис Кондарко, но овојпат како член на комисијата.
Иако имаше повеќе конкуренти за позициите во ДИК, сепак последниот збор го имал лидерот Филипче.
Одлуката доаѓа откако во понеделникот, Комисијата за избори и именувања ја потврди листата на пријавени кандидати за позициите во ДИК.
Од кампусот на Сорос до министер за правда
Од член на НВО-секторот до министер за правда - вака накратко може да се опише политичката афирмација на Бојан Маричиќ, кој ја наследи професорката Рената Дескоска.
Политички активен станува во 2016 година како претседател на невладината организација Меѓународен центар за европско образование, кога како поддржувач на „Шарената револуција“ зема и учество на голем број на ТВ-дебати на кои се отвораат полемики по кој правец треба да се движи земјата.
Неговата политичка верификација следува во 2017 година, кога во новата Влада беше назначен за посебен советник за евроатлански интеграции на премиерот Зоран Заев, по што активно се вклучува подоцна и во преговорите за постигнувањето на Преспанскиот договор.
По изготвувањето на Преспанскиот договор и неговото изгласување со двотретинско мнозинство во македонското Собрание, во 2018 година започнува скрининг процесот со ЕУ а како главен технички преговарач и шеф на техничкиот преговарачки тим, Владата го назначи за министер за правда.
Во 2019 година, Маричиќ ја заверува партиската функција во СДСМ.
Назначен е за претседател на Комисија за европски прашања во владеачката партија.
Од 2020 до 2022 година ја извршува функцијата министер за правда. Тоа се годините на наследство на „Рекет“ и СЈО, од неговата претходничка Рената Дескоска.
Тој е познат и како сопруг на поранешната пратеничка Маринела Маричиќ Тушева, која е член на УО на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата