logo
logo
logo

ЕУ истражува каде исчезнаа 9 милиони евра - АХМЕТИ ГО ОСТАВИ РОДНИОТ ЗАЈАС БЕЗ КАНАЛИЗАЦИЈА

Vecer | 16.07.2026

ЕУ истражува каде исчезнаа 9 милиони евра - АХМЕТИ ГО ОСТАВИ РОДНИОТ ЗАЈАС БЕЗ КАНАЛИЗАЦИЈА

Скандал и срам. Само вака може да се опише тоа што се случило со парите на европските даночни обврзници во проектот за канализација во Зајас, родното место на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, изјави Дритон Сулејмани од Влен.

Тој потсети дека пред две недели партијата поставила прашања за овој скандал но дека нема одговори.

– Некој очигледно мислел дека овој скандал може засекогаш да го покрие со неколку документи и печати, за кои не се знае ниту кој ги потпишал. Зборувавме за повеќе од 9 милиони евра европски средства за кои јавноста сè уште нема одговор каде завршиле, за кривичната пријава на Финансиската полиција, за договорите склучени со домашни компании и за сомнежите дека во целата работа можеби биле вклучени и компании поврзани со семејниот круг на Али Ахмети. Побаравме да се отвори секој договор, да се провери секоја исплата и да се утврди одговорноста на сите што биле вклучени во овој проект. Сега прашањата не ги поставува само Влен, одговори почна да бара и Европската Унија – рече Сулејмани.

Дритон Сулејмани
Дритон Сулејмани

Амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, веќе соопшти дека ЕУ прибира документација за овој проект.

– Затоа веќе не е доволно да се прашуваме само каде завршиле милионите. Јавноста мора да знае и кој го пријавил проектот како завршен, врз основа на кои документи и со какво образложение. Колку повеќе се чепка во овој скандал, толку повеќе смрди на корупција. ДУИ ја имаше власта во свои раце 24 години. Во Кичево ја водеше Општината три мандати по ред. За време на нивното владеење овој проект, финансиран со пари од Европската Унија, требаше да биде завршен во 2024 година. Но, канализацијата не беше завршена. Сега станува јасно и зошто – рече тој.

Влен бара Јавното обвинителство и Финансиската полиција да ја прошират истрагата и тесно да соработуваат со европските институции.

– Ова е вистинското лице на ДУИ. Патриоти пред камерите, а зад завесите пропаднати проекти, милиони за кои нема отчет и документација што сега ја прибира Европската Унија. Како што рековме, Али Ахмети мораше да замине во опозиција за целиот талог да исплива на површина. Да исплива и вистината зошто Зајас, неговото родно место, остана без канализација – додаде Сулејмани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk