logo
logo
logo

Брисел контра СДСМ: “УВЕРЕН СУМ ДЕКА ДРЖАВАТА ЌЕ ИСПОРАЧА ДОБРИ РЕЗУЛТАТИ“

Vecer | 10.06.2026

Брисел контра СДСМ: “УВЕРЕН СУМ ДЕКА ДРЖАВАТА ЌЕ ИСПОРАЧА ДОБРИ РЕЗУЛТАТИ“

Со забрзано темпо се спроведуваат реформите поврзани со европската интеграција на земјата, оцени евроамбасадорот Михалис Рокас. Според него, и покрај одредени доцнења во исполнувањето на обврските, во изминатиот период е постигнат видлив напредок во нивната реализација.

Рокас очекува до крајот на месецот Собранието да ги разгледа и усвои преостанатите реформи, по што Европската комисија ќе ја направи конечната оценка за постигнатите резултати.

„Меѓутоа, како што веќе ви е познато, рокот за имплементација на реформите цело време истекува. Ние сме во редовен контакт со Собранието, меѓутоа не можеме да предвидиме кога точно ќе завршат со реализација на овие реформи. Меѓутоа, тоа е еден процес на којшто на крај Европската комисија треба да ја направи проценката за да се види до кој степен се реализирани тие реформи. Меѓутоа, јас сум уверен дека ќе има добри резултати испорачани од самата земја“, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас.

На средбата со амбасадорот, градоначалникот на Штип ги презентираше клучните проекти за кои Општината очекува поддршка од европските фондови. Се дискутираше и за изградба на пречистителна станица за отпадни води, капитален проект кој, поради административни процедури, веќе речиси осум години не може да се реализира.

„Сметам дека се наоѓаме во момент на финиширање на сите овие постапки и во текот на оваа година ќе биде избран најсоодветен понудувач кој ќе влезе во фаза на реализација на долгоочекуваниот проект, кој има огромно значење за нас како град. Конечно, Штип ќе добие пречистителна станица за отпадни води и заштита на животната средина“, изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Рокас повтори дека уставните измени се предуслов за продолжување на пристапните преговори со ЕУ. Тој посочи и на доцнењето во реализацијата на регионалните центри за управување со отпад, нагласувајќи дека е потребно забрзување на постапките со цел да се искористат европските средства.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk