Познатиот македонски ортопед д-р Виктор Камнар се приклучи
на промените и дава поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“.<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK"></span>
Имено, докторот Виктор Камнар вечерва присуствуваше на
митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Радовиш, притоа давајќи ја поддршка на листата
пратеници предводена од Николоски.
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Потпретседателот
на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборна единица 4, Александар Николоски изјави дека
станува збор за најдобриот ортопед и вистински професионалец. </span>
- Вечерва со нас е мојот пријател докторот професорот Виктор
Камнар, би сакал да му се заблагодарам на поддршката, тој е најдобриот ортопед
во целиот регион, кој направи прва трансплантација на коска во регионот, кој си
ја сака професијата, медицината, врвен професионалец и кој сака да се подобрува
здравството. Тоа се професионалци луѓе кои не ги интересираат провизии, мито,
туку гледаат да помогнат на пациентите и не ги злоупотребуваат пациентите, не
се сликаат со своите пациенти туку им помагаат, не ја злоупотребуваат својата
професија и гледаат да не збогатат преку ноќ со крадење, туку да му помогнат на
народот. Со вакви луѓе ќе го поправаме здравството, изјави Николоски.