logo
logo
logo

ВЛЕЗОТ ВО ЕУ ЌЕ БИДЕ СО КРЕНАТА ГЛАВА, нема да преговараме за идентитетот, културата и историјата, вели Манасиевски

Vecer | 03.06.2026

ВЛЕЗОТ ВО ЕУ ЌЕ БИДЕ СО КРЕНАТА ГЛАВА, нема да преговараме за идентитетот, културата и историјата, вели Манасиевски

- На предлог на ВМРО-ДПМНЕ беа изгласани црвени линии, односно резолуција за црвени линии, во коишто ние како Република Македонија, како држава, нема да преговараме во делот на идентитетот, јазикот, културата и историјата, која што само за некој месец СДС ја прегазија со оној договор за добрососедство со Бугарија во којшто треба да вметнеме Бугари во Уставот -  истакна Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално. 

Манасиевски се осврна на барањето за внесување на Бугарите во Устав и нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ има јасен став по однос на тоа прашање, односно, како што рече, државата нема да преговара во делот на идентитетот, јазикот, културата и историјата. Тој нагласи дека СДС воделе погрешна политика и направиле низа на отстапки, и посочи дека ВМРО-ДПМНЕ останува единствена партија која што се грижи за Македонија.

„Сметам дека СДС водат политика која што не им оди на добро, водат политика која што не им носи гласови. Граѓаните ги имаат прочитано, граѓаните знаат дека во изминативе 35 години, ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која што се грижи за Македонија. За идентитетот, за јазикот, за културата. СДС го промени два пати името, го промени знамето, ги менуваше банкнотите, го менуваше Уставот, што уште треба да направи СДС за да биде поголема предавничка партија“, рече Манасиевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk