logo
logo
logo

Адвокатот Туфегџиќ: АКО СКОПЈАНИ ДО ТОЛКУ НЕМААТ КАПАЦИТЕТ...

Vecer | 19.08.2025

Адвокатот Туфегџиќ: АКО СКОПЈАНИ ДО ТОЛКУ НЕМААТ КАПАЦИТЕТ...

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ, собирањето на 0,95% потписи од вкупно запишаните избирачи, со цел независни кандидати за градоначалници, го нарече „тест за свесноста и достоинството на скопјани“.

„Ако во Скопје нема 10% нормално, свесно и независно граѓанство кое сака градот да биде пристојно место за живеење со скопски шмек, тогаш не заслужуваме ништо подобро од сегашната состојба. Ако скопјани немаат капацитет за два дена да соберат 10.000 потписи, тогаш сме на пат кон изумирање – од отворен град на солидарноста, Скопје стана партиско-политички градежен полигон“, напиша Туфегџиќ.

Тој ги повика граѓаните да не бидат пасивни: „Нека не ве мрзи да ставите потпис, бидејќи после тоа џабе е везење и продавање памет по Фејсбук – ќе ќутиш и ќе трпиш, а имаше шанса да учествуваш“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk