Вчера на социјалните мрежи се појави профил кој провоцираше на објавата кај мајката на исчезнатата Вања, првично велејќи дека таа е во џамија во Косово, но потоа започна со навреди и недолични коментари.
Косовската полиција започнала истрага за да го пронајде сопственикот на Фејсбук профилот кој под името „Џамија во Подујево“ вчера си поигра со чувствата на семејството на исчезнатата Вања Ѓорчевска (14) и се обиде да внесе паника и страв меѓу загрижените граѓани.
Во неговата дезинформација во која поверува дел од јавноста, а некои медиуми ја препишаа.
Фејсбук профилот кој се претставува како „Џамија од Подујево“, користи украдена фотографија од оџа од Албанија, Арбер Бериша, кој за „Слободен печат“ денеска потврди дека веќе бил исконтактиран од началникот на одделот за компјутерски криминал на косовската полиција, кој му соопштил дека косовската полиција отвора истрага за профилот кој ја има украдено неговата фотографија.
Бескрупулозниот манипулатор не е исклучено да е дел од структури кои што имаат за цел поширока дестабилизација и одвлекување на вниманието на полицијата во истрагата која деноноќно се води да биде пронајдена Вања Ѓорчевска.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата