Премиерот Христијан Мицкоски најави дека следуваат борба против криминалот и корупцијата во Македонија, со засилено темпо.
- Станува збор за едно лице, кое што е поранешен градоначалник на општина и поранеше директор на јавна институција, во случајот Царинската управа. Станува збор за неколкумина вработени во рамките на таа институција и станува збор за лице кое што било биско до претходната Влада и било лице кое честопати ги олеснувало овие условно кажано дејства кои што изобилуваат со многу незаконитости, или народски кажано - посредник, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на акцијата на Финансовата полиција во која беше уапсен поранешниот потпретседател на СДСМ, поранешен пратеник, поранешен градоначалник на Карпош и директор на Царинската Управа Стефан Богоев и уште неколку лица.
-Од информациите кои што јас ги имам, ова ќе се проширува и од информациите кои што јас ги поседувам, неколку јавни институции во периодот кој што следи ќе имаат слични вакви акции за недоследности од минатото кои што се содржани во ревизорски извештаи, кои што претставуваат индиции за злоупотреба на службената положба и овластување. Тоа се се’ на ниво на истраги, верувам во презумпција на невиност. Секој има можност да ја докаже својата невиност и не би навлегувал во дополнителни нови коментари за да нематеријално го нарушам процесот, истакна Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата