logo
logo
logo

6.241 ПОЛИЦАЈЦИ ДОБИЈА БОНУС ПЛАТА

Vecer | 23.04.2025

6.241 ПОЛИЦАЈЦИ ДОБИЈА БОНУС ПЛАТА

Министерот за внатрешни Панче Тошковски соопшти дека полицајците денеска добиле бонус.

-Денеска на 6.241 вработени во Министерството за внатрешни работи, кои оствариле над 150 часа прекувремена работа во текот на 2024 година им беше исплатена бонус плата во поединечен нето износ од 41.239 денари.

Сите средства се обезбедени од буџетот на Министерството за внатрешни работи.

Една од главните стратешки цели кои ги имаме поставено е враќање на достоинството на полициската професија и благородноста на повикот да се работи за својата држава, своите граѓани и нивната безбедност и сигурност.

Исто така, со покачувањето на платата од 10% за сите вработени во МВР кое се реализираше овој месец, направивме чекор кон подигнување на социјалниот статус на полициските службеници бидејќи само задоволни полициски службеници можат да бидат вистински столб на безбедноста на граѓаните и државата, објави Тошковски.

Фото: Илустрација

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk