Секоја држава во Европа има своја власт и опозиција. Власта владее а опозицијата се труди владеењето да го искомплицира и да ја преземе власта потоа. Но, опозицијата во Македонија не работи против власта - таа работи против сопствената држава - Македонија.
СДСМ нема свои проекти и политика со кои ќе конкурира на власта и ќе добие поддршка во јавноста туку се труди на секој начин да ги урне проектите до државна и јавна важност за потоа да критикува дека истите тие проекти ги нема.
Како што СДСМ/ДУИ потпишаа договор со Бугарија со кој овозможија и прифатија бугарско вето за потоа да критикуваат дека сегашната власт тоа вето не сака да го спроведе и дека на тој начин ги запирала евроинтеграциските процеси кои, по Договроот на СДСМ/ДУИ и Бугарија, потврдуваат бугарска теза дека македонски народ, јазик и култура не постојат! ВМРО ДПМНЕ обива да ја потпише и потврди таа национална капитулација.

СДСМ оди и чекор понатаму. Бара од Европската унија да не исплаќа околу една милијарда евра од фондот за развој на Западен Балкан со што свесно го запира развојот на државата.
Владата потпиша стартешки договор за соработка со Велика Британија која прифати да биде гарант за развоен кредит до 5,5 милијарди евра. За СДСМ тоа беше спорно, го нападна тој стратешки договор со клевета дека парите се за Македонија во април да прими бегалци кои сега се наоѓаат во Велика Британија. Април помина, британската влада два пати ја демантираше клеветата на СДСМ, а бегалци од Британија во државава нема.
Сега им пречи и кредитот од една милијарда евра за инфраструктура кој Македонија по исклучително поволни услови го доби од Унгарија и кој веќе се реазлизира за проекти на локално и на национално ниво. Проекти за две години какви СДСМ и ДУИ немаа за сите свои седум години на власт а за тоа време потрошија 24 милијарди евра од државниот буџет.
Накусо, СДСМ, дезориентиран политички субјект, оди по Европа, ја напаѓа сопствената држава барајќи Брисел да ги затвори сите развојни проекти и финансиски извори за државата и, во така создаден хаос од нив, Брисел да ги донесе на сила на власт како во 2017 година. Ја напаѓа државата, затоа што сите тие проекти се јавни проекти а не политички за потреби на власта. Без финансиски извори и без проекти се удира на целосната јавност во сферата на енергетика, сообраќај, здравство, образование...
Еве го последниот обид за минирање на сопствената држава од СДСМ. Да се запрат проектите финансирани од унгарскиот кредит и да се води истрага за потекло на парите!!! Потекло на парите! Пари добиени по исклучително поволни услови од држава членка на ЕУ за СДСМ се сомнителни.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска упати јавен повик до Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага за унгарскиот кредит, по најавите на новиот унгарски премиер Петер Маѓар за ревизија на меѓународните договори. Според СДСМ, политичките промени во Унгарија директно ќе влијаат врз разоткривањето на бизнис релациите во Македонија.
„Со падот на пријателот на Мицкоски и негов заштитник, Виктор Орбан, започнува разоткривањето на бизнис мрежата која ќе ја видат и граѓаните на Македонија“, изјави Кузеска.
Таа посочи дека Блумберг објавил детали за заем од една милијарда евра кој владата на Орбан го земала од кинески банки во 2024 година, истата година кога македонската Влада се задолжи кај Унгарија за идентична сума. (Ваквите тези се обично дел од вицови, а не дел од политика. Ако земеше кредит од банка - банката е виновна како ги трошиш парите)
Од СДСМ тврдат дека во Македонија, исто како и во Унгарија, се криеле камати и провизии.
„Имаше скриени трошоци кои владата никогаш не ги соопшти. Над 1 милион евра беа префрлени за договорни услуги, но никогаш не се дозна дали се за банкарски провизии или за консултантски услуги. И се уште не се знае каде завршија овие пари“, нагласи Кузеска.

Се чека Кузеска да побара од Обвиниетлството истрага за 5 милиони долари профит договорен, и договорот јавно докумнетиран, за набавка на кинески вакцини од Филипче и Заев преку посредник. Кинезите ја открија корупцијата и не ги дадоа вакцините преку тој трансфер. Дали Кина за Филипче и Заев беше спорна држава за бизнис?!
Едниот документ е од 25 декември 2020, а вториот е од 25 јануари 2021. Во нив стои име на фирма од Хонг Конг, регистрирана во 2017та година, без медицинско и фармацевтско портфолио, која е претставена како посредник во набавката.
СДСМ се поголеми Унгарци од Унгарците. Поголеми Европјани од Европејците и се грижат за нивните работи и проблеми. СДСМ се сето тоа но, само не се Македонци големи барем колку просечниот македнски граѓанин.

Постојат двајца императори на римската империја: Калигула и неговиот наследник Нерон од кои со начинот на нивната борба да дојдат на власт и начинот како потоа владееле настарадала имепријата на подолг период.
Калигула бил диктатор, екстремно кормпиран и за да го поноижи Сенатот го поставил својот коњ Инцитатус за конзул и свештеник. Необично слично со Зоран Заев и поставувањето на Катица Јанева за шеф на воуставното СЈО и Димитар Ковачевски за премиер.
Нерон бил владетел малку потоа. Историјата го памети како корумпиран тиранин и владетел кој го запалил Рим за да го дефокусира и сузбие бунтот на војската и да изврши прогон на христијаните кои ги обвинил за пожарот. Необично слично со политикта на Венко Филипче кој е подготвен да ја запали сопствената држава уривајќи ги изворите на финансии и проектите во замена за власт.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата