Деканката на Факултетот за музичка уметност открива дека неколку дена пред трагедијата во која косовски возач усмрти четворица Македонци со камион била избегната друга голема трагедија на македонски автопат.
,,Некни, кога патувавме за да стигнеме на концерт во Велес, на автопатот Скопје – Велес, Ауди со косовски таблички возеше во спротивната насока. Среќа, па не се “разминавме” во тунелот. Ладно можевме да загинеме. Што праите бе, ШТО ПРАИТЕ?! Зошто?!!!!! Мозок имате ли?”, прашува Андовска.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата