logo
logo
logo

Кога градот граѓаните, кои му плаќаат даноци, ЌЕ ГИ ЗАШТИТИ ОД УЛИЧНИТЕ КУЧИЊА!

Vecer | 25.06.2025

Кога градот граѓаните, кои му плаќаат даноци, ЌЕ ГИ ЗАШТИТИ ОД УЛИЧНИТЕ КУЧИЊА!

Јавното претпријатие Лајка алармира за сериозен пораст на случаи на напуштање на домашни кучиња во околината на градските гробишта Бутел.

– Во последниот период, нашите теренски служби и граѓански пријави укажуваат на континуирано напуштање на кучиња од неодговорни сопственици, кои од различни делови на градот ги доведуваат животните на оваа локација и ги оставаат.

Оваа појава, покрај тоа што претставува суровост кон животните, сериозно го нарушува и јавното здравје, безбедноста на граѓаните, како и функционирањето на објектите од јавен интерес на таа територија. Напуштените кучиња, често нестерилизирани, се размножуваат, гравитираат низ поширокото градско подрачје и го усложнуваат предизвикот на контрола на популацијата на бездомни животни – велат од Лајка.

Од претпријатието апелираат до граѓаните да не напуштаат животни зашто тоа е казниво дело согласно Законот за заштита и благосостојба на животните. Да пријавуваат вакви случаи до надлежните институции, со можност за доставување видео или фото докази и да се информираат за можностите за вдомување, стерилизација и одговорно сопствеништво.

Од Лајка најавуваат дека во соработка со инспекциските служби ќе ги засилат контролите и ќе поднесат пријави против сите лица кои ќе бидат фатени во ваков прекршок.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk