Апелациониот суд во Штип ја одбил жалбата и го потврдил решението на првостепениот суд за продолжување на мерката куќен притвор на судијата Ѓоко Ристов, соопштија од судот. Со ова, Ристов останува во куќен притвор, откако одбраната се жалеше на претходната одлука за продолжување на мерката.
Судијата Ристов, кој работеше во Апелациониот суд Скопје, е обвинет за противправно стекнување и прикривање имот и за перење пари. Обвинението следи откако во јануари 2026 година беа пронајдени 350.000 евра кеш, заѕидани во ѕид во куќата на неговите родители во Неготино, за кои тој, според истрагата, немал доказ за потекло и не ги пријавил во анкетниот лист.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата