logo
logo
logo

Мицкоски со порака до младите

Љубовта кон татковината се манифестира со одлуката да создадеме семејство

Vecer | 29.12.2025

Љубовта кон татковината се манифестира со одлуката да создадеме семејство

Мојата порака кон младите е дека љубовта кон татковината се манифестира со тоа што одлучуваме да создадеме семејство и да се реализираме како родители, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

-Нашата цел е да го јакнеме јавното здравство, нашата политика е про-лајф политика. Да испратам една порака до младите, да одлучат да се реализираат како родители, да се раѓаат што е можно повеќе бебиња. Од 2016-та до 2024-та година имаме за 6.000 помалку родени бебиња. Ако е една училница од 20 ученици, тоа значи 300 празни училници. Ако една училница е долга 20 метра, имаме 6 километри празни училници. Отприлика вака изгледа изумирање на една нација, порача премиерот.

Мицкоски рече дека ќе продолжи да зборува на оваа тема, колку и да биде критикуван.

-Мислам дека за бадијала ние правиме и училишта, градинки, игралишта, улици, ако нема кој тоа да го користи. Затоа мојата порака до малдите е дека љубовта кон татковината се манифестира со тоа што, тоа е лична одлука, но одлучуваме да создадеме семејство и да се реализираме како родители, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk