logo
logo
logo

Советот на Европа работи на ИЗВРШУВАЊЕ НА ПРЕСУДИТЕ ПРОТИВ БУГАРИЈА

Vecer | 07.05.2026

Советот на Европа работи на ИЗВРШУВАЊЕ НА ПРЕСУДИТЕ ПРОТИВ БУГАРИЈА

Работиме на спроведување на одлуките на Европскиот суд за човекови права донесени против Бугарија, изјави денеска генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе.

„Не е само важна улогата во донесувањето на одлуките на Судот за човекови права, туку и во нивно спроведување. Во случајот што го споменавте за Бугарија, знаете дека имаме преглед на одлуките што сè уште не се извршени. И работиме на ова. Постигнавме одреден напредок, би рекол, во последниот месец, потребно е малку време, но знаете, мислам, стабилноста на процесот е исто така важна затоа што мора да биде повеќе од само симболично решение“, истакна Берсе.

Тој посочи дека прашањето ќе биде предмет на разгледување од страна на Комитетот на министрите со цел спроведувањето на одлуките конечно да стане реалност. Берсе беше дециден во оценката за временската рамка на овој процес, нагласувајќи го значењето на конечниот исход: „Вие сте целосно во право, беше предолго извршувањето. Тоа е јасно. Но продолжуваме да работиме на ова и се надевам дека ќе имаме позитивен резултат многу бргу“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk