logo
logo
logo

Штета од неколку илјади евра

ЌЕ ОДГОВАРААТ И ТОА КАКО - Кривични пријави за вандалите кои го демолираа „Патрик“

Vecer | 23.06.2026

ЌЕ ОДГОВАРААТ И ТОА КАКО - Кривични пријави за вандалите кои го демолираа „Патрик“

Едно од најмодерните и најубаво уредените детски катчиња во Скопје, игралиштето „Патрик“ зад ТЦ „Три Бисери“ во Аеродром, преку ноќ се претвори во урнатини и е привремено затворено за дечињата. Несовесни насилници брутално ги искршиле реквизитите и инвентарот, оставајќи зад себе пустош и финансиска штета која според првичните проценки изнесува повеќе илјади евра.

Случајот експлодираше во јавноста откако познатиот јутубер Никола Поповиќ објави видео на кое снири група деца затекнати на самото место и директно ги прашува дали тие го оштетувале и кршеле инвентарот, на што едно од нив негира дека сторило нешто лошо. Сепак, по итниот увид на терен, градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, потврди дека се работи за сериозен и недозволив вандализам кој веднаш е пријавен во полиција, а против сторителите веќе се поднесени соодветни кривични пријави.

Митески преку Фејсбук порача дека Општината итно ќе започне со целосна санација и замена на оштетените реквизити со нови, но упати и алармантен апел до јавноста, нагласувајќи дека вакви грозни сцени се случуваат низ многу други општини. Тој побара итна општествена одговорност и ги повика граѓаните без размислување да го пријават во полиција секој оној кој го уништува заедничкиот простор на нашите деца.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk