Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе ја посети фабриката на „Алкалоид“ АД Скопје во населбата Автокоманда.
Централен настан на посетата ќе биде официјалното пуштање во употреба на новата микробиолошка лабораторија за контрола на квалитет. Станува збор за инвестиција која дополнително треба да ги зацврсти стандардите и позицијата на компанијата на меѓународните пазари.
Како што соопштија од владината прес-служба, по посетата и увидот во новите капацитети, се очекуваат изјави за медиумите од страна на премиерот Мицкоски и раководството на „Алкалоид“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата