logo
logo
logo

Почнуваат средби на тема - РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДА

Vecer | 17.06.2026

Почнуваат средби на тема - РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДА

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека во петок и сабота треба да се одржат средбите со коалициските партнери од Вреди и од ЗНАМ на кои ќе се разговара за најавената владина реконструкција. 

Како што изјави денеска Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања, соработката на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди продолжува како досега.

– Во петок и сабота се закажани средбите со коалициските партнери од Вреди и ЗНАМ. Инаку, сега не сме пред избори, сега сме во втората половина од мандатот, имаме исклучително коректна и пријателска соработка со Вреди. Очекувам во таа насока да продолжиме. По реализирањето на нашата соработка, по изборите во 2024 година, следеа локалните избори каде тие убедливо победија во 10 општини, така што не гледам пречка во овој момент нашата соработка да не продолжи – истакна Мицкоски по посетата на реконструираната Општа Болница во Општина Струмица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk