logo
logo
logo

ВИДЕО

СВЕДОШТВО НА 20-ГОДИШНАТА МАРИЈА повредена во трагедијата во Кочани: Излегувајќи надвор паднав на земја и другите газеа врз мене

Vecer | 16.03.2025

СВЕДОШТВО НА 20-ГОДИШНАТА МАРИЈА повредена во трагедијата во Кочани: Излегувајќи надвор паднав на земја и другите газеа врз мене

– Марија Тасева, 20-годишна девојка која е една од повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, пред камерата на МИА сведочеше дека во моментот на пожарот настанала гужва и дека излегувајќи надвор паднала на земја. 

– Сите почнаа да трчаат надвор. Сите гледаа да се спасат. Сестра ми е изгубена. Не можеме да ја најдеме во никоја болница. Сега чекаме тука резултати дали ќе ја најдеме, ако не, на крај во Скопје. Излегувајќи надвор паднав на земја и другите газеа врз мене, едноставно бев на земја со образот, изјави Тасева.

Нејзиниот татко вели дека немаат информација за втората ќерка која има 25 години.

Извор: МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk