logo
logo
logo

Кандидатот на ЗНАМ вети дневни центри и „Сениор центар“

ЛАБУДОВИЌ НАЈАВИ ТОПОЛ ОБРОК ЗА НАЈЗАГРОЗЕНИТЕ

Vecer | 08.10.2025

ЛАБУДОВИЌ НАЈАВИ ТОПОЛ ОБРОК ЗА НАЈЗАГРОЗЕНИТЕ

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, вели дека инклузивноста, човечката достоинственост и еднаквите можности ќе бидат основата на новиот модел на локално управување во Центар.

– Центар мора да биде пример за општина која не остава никого зад себе. Ќе обезбедиме еднакви можности за сите, без исклучок. Ќе отвориме дневни центри за децата со попреченост, со современи услови и стручна поддршка, а ќе воспоставиме и програми за нивна целосна инклузија во образованието – изјави Лабудовиќ.

Тој најави проект за формирање дневни центри и „Сениор центар“ за пензионери и ранливи категории, како и програми за поддршка на самохрани родители, лица со попреченост и бездомници.

Лабудовиќ најави дека ќе почне проект „Топол оброк“ за бесплатни или субвенционирани оброци за најзагрозените.

– Со формирање општински фонд за мали и средни бизниси, Општината ќе обезбеди финансиска и советодавна помош за нови претприемачи, стартапи и занаетчии. Ќе се организираат саеми на локални производи, како и програми за модернизација на трговските улици и пазарите, за подобрување на условите за работа на малите стопанственици. Центар има талент, има креативност и има можности. Нашата цел е младите да ја гледаат својата иднина токму овде – да основаат сопствени бизниси, да создаваат вредност и да останат во својата земја – изјави Лабудовиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk