logo
logo
logo

УБИЕЦОТ НА ВАЊА е фатен во Турција, соопшти Спасовски и откри како се движел

Vecer | 05.12.2023

УБИЕЦОТ НА ВАЊА е фатен во Турција, соопшти Спасовски и откри како се движел

„Она што сакам да го споделам со вас како посебна обврска како човек, како родител, но и како министер е дека колегите од Турција ме известија дека креаторот, планер, главен координатор и директен извршител е фатен на нивна територија. Тоа е и последната алка од овој грозоморен чин за да кажеме дека сме завршиле сѐ за ова свирепо убиство“, рече вечерва Спасовски.

Спасовски ја опиша и рутата на Палевски од Белград до турскиот град Баликесир, каде што беше уапсен од турската полиција.

Палевски од Скопје со својот адвокат, со негово возило шкода суперб, стигнал до Белград. Таму преноќил во еден хотел. Наредниот ден го презело друго лице од Скопје со џип ренџ ровер и преку граничниот премин Градина влегол во Бугарија, по што влегол во Турција во градот Баликесир.

Македонските служби стапиле во контакт со оперативен извор во Турција со потврда дека Палевски е во Баликесир и дека од тука сака да замине во Истанбул. Најмен бил такси-возач за да отиде во Истанбул, но повторно се вратил во градот, симулирал одење во Истанбул. Денеска попладнево е уапсен од турската полиција додека одел пеш низ градот.

„Огромна благодарност до колегите од Турција и за сите колеги што беа по рутата на движењето и од Србија и од Бугарија и од Турција. Колегите од Хрватска сами направиле проверки и нѐ информираа дека лицето не било таму“, рече Спасовски.

Лицето што го возеше Палевски од Белград до Палевски е приведено на граница и тоа сѐ уште е во полициска станица.

Спасовски рече дека приведените лица се малоумни, дека се монструми.

Рече и дека на територијата на Скопје се пронајдени два пиштоли, кои допрва треба да се вештачат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk