Поранешниот претседател на државата од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски во интервју за јавниот сервис, призна дека во неговиот претседателски кабинет се разговарало за враќање на поранешниот македонски премиер, Никола Груевски и дека за тоа постојат транскрипти, како и што се тврдеше во јавноста.
Пендаровски вели дека таквото барање, за враќање на Груевски во Македонија, дошло од неговата, тогаш владејачка партија, СДСМ со крајна цел да влијаа на ослабување на ВМРО-ДПМНЕ пред изборите во 2024 година.
„Тоа ВМРО, во тоа време како опозиција, прилично го користеше и го злоупотребуваше се разбира, па дури и дел од тој транскрипт и го дале на, тоа е снимка практично, они го направиле транскриптот во партиско седиште, и и го дадоа на американската амбасадорка во тоа време без да знаат дека и таа била присутна таму. Значи станува збор за состанок, состаноци имаше такви три-четири најмалку и пред тоа и потоа, на тема како Америка и Европската Унија сакаат да знаат дали ние имаме план за уставните промени, како би се приближиле до Европска Унија и тоа беше еден од тие состаноци на таа тема“, рече Пендаровски.
Поранешниот претседател, Пендаровски посочува дека темата била отворена за време на еден од овие состаноци на кој учествувале и американската и ЕУ-амбасадорот како да се дојде до уставните измени, додека врвот од неговата партија сметал дека тој е еден од проблемите затоа што не сака да го помилува Груевски.
Тој се уплашил од одговорноста и барал тоа да го донесат пратениците како Закон за амнестија.
„Бидејќи во тој период имаше шпекулации, морам да бидам искрен да кажам, и во рамки на врвовите на тогаш владејачката партија СДСМ дека, наводно, јас сум еден од проблемите за тоа затоа што не сакам да се согласам на помилување на Груевски. А внимавајте во тој период, кратко појаснување, Груевски во тој момент веќе има две правосилни пресуди и може да се врати само на два начина. Ако јас го помилувам или ако донесат закон за амнестија во Собрание. Таков закон е донесен 2018 година. Сите знаеме и ВМРО гласаше, цела пратеничка група, 92 гласа има тој закон за делумната амнестија. Делумна беше, беа опфатени многу луѓе, меѓутоа сите знаеме дека индиректно беа опфатени и оние што гласаа за промена на уставот, односно за себе“, истакна Пендаровски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата