logo
logo
logo

Силна порака од Меџити: Ќе нѐ мерите по завршени километри, не по потрошени зборови

Vecer | 03.05.2025

Силна порака од Меџити: Ќе нѐ мерите по завршени километри, не по потрошени зборови

“Почитуван претседател на Владата,
почитувана амбасадорке Агелер,
ценети колеги од Владата, почитувани градоначалници, претставници на БехтелЕнка, претставници на медиумите, драги сограѓани,

Пред само неколку години, единствените „градежни“ активности што ги гледавме беа гламурознипресконференции и камери насочени кон ленти што никогаш не се пресечени со асфалт. Ништо не се градеше.
Денеска, наместо фотообјективи, околу нас трешти звукотна булдожери, багери и камиони. Ние не снимаме рекламниспотови – градиме иднина. Градиме патишта за нашиот народ.

Коридорот 8 е повеќе од пат. Тоа е европска артерија што ги поврзува Јадранот со Црното Море, го поврзува срцето на Балканот. Нашата стратешка одлука е јасна: Македонија јазавршува својата делница и ја носи Европа на Балканот, а Балканот – во Европа.

Со почетокот на овој автопат, го претвораме Полошкиот регион во раскрсница на можности и инвестиции, работни места, го скратуваме патот меѓу Скопје, Охрид и Струга, и ја приближуваме границата кај Ќафасан кон секој наш дом и секоја бизнис идеја што чека пазар. Создаваме можности да си ги вратиме децата дома.

Дозволете ми искрено да ѝ се заблагодарам на амбасадорката на САД, гѓа Ангела Агелер, за континуираната поддршка. Вашето присуство денес е доказ дека стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави не е само на хартија,туку и на чекан, бетон и челик. На работа и на инвестиции. Ви благодариме.

Исто така, благодарност до тимот на БехтелЕнка и достручните служби на Јавното претпријатие за државнипатишта. Без вашата експертиза, оваа визија немаше да стане конструктивен факт.

Не градиме само автопат – градиме доверба. Во исто време инвестираме во локални улици, канализациски и водоводнимрежи, училишта и амбуланти. Комбинацијата од државни и општински проекти значи дека секоја општина чувствува дека Владата е тука – со реални средства и реални резултати.

Оваа година Македонија е едно големо градилиште. Од Кривопаланечко до Ресенско, од тетовско до долненско, од дебарско, до струмичко – каде и да одите, ќе наидете на сигнализација за градилиште. Тоа не е случајност, тоа е план. Затоа што нашите граѓани заслужуваатинфраструктура што го скратува времето, ја зголемува безбедноста и го подобрува квалитетот на живот.

Денес поставуваме каментемелник на проект вреден 90 милиони евра, но вистинската вредност е немерлива:

* Секој спасен живот поради побезбеден пат.

* Секој нов бизнис што ќе одбере да инвестира тукапоради подобрена логистика.

* Секоја млада личност што ќе остане во регионотзатоа што можностите доаѓаат кај неа, а не обратно.*

Дозволете ми да завршам со едно просто ветување: Ќе нѐмерите по завршени километри, не по потрошени зборови. Денешниот темел е симбол на таа политика – политика на дела, а не на празни фрази.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk