logo
logo
logo

200 ПОЛИЦАЈЦИ СЕ ОБУЧУВААТ за постапување при родово и семејно насилство

Vecer | 19.05.2026

200 ПОЛИЦАЈЦИ СЕ ОБУЧУВААТ за постапување при родово и семејно насилство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ги посети полициските службеници што посетуваат обука организирана од Центарот за обука при Министерство за внатрешни работи и УНФПА, во рамки на проектот „Превенција и заштита од родово базирано насилство – Фаза 3“, поддржан од Британска амбасада во Скопје.

Од посетата на министерот Панче Тошковски на полициските службеници што посетуваат обука организирана од Центарот за обука при Министерство за внатрешни работи и УНФПА / Фото: Фејсбук

Станува збор за еден од осумте циклуси на обуки за „Почетна едукација на професионалците за родово базирано насилство врз жените и семејното насилство и мулти-секторски одговор“, низ кои ќе поминат вкупно 200 полициски службеници од сите осум Сектори за внатрешни работи.

Во обуките се вклучени водичи на безбедносен реон, сменоводители и инспектори задолжени за постапување по пријави за родово базирано и семејно насилство.

Како што посочуваат од МВР, обуките се насочени кон јакнење на капацитетите и компетенциите на полициските службеници за навремено, професионално и сензитивно постапување во случаи на родово базирано и семејно насилство, со посебен акцент на заштитата и поддршката на жртвите.

„Секој полициски службеник кој постапува по вакви случаи мора да биде подготвен професионално, одговорно и со емпатија да обезбеди заштита и поддршка за жртвите. Нашата цел е жртвата секогаш да биде во центарот на институционалниот одговор“, рече Тошковски.

Упати благодарност до УНФПА и Британската амбасада во Скопје за континуираната поддршка во јакнењето на институционалните капацитети и унапредувањето на полицискиот одговор во справувањето со родово базираното и семејното насилство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk