Протестите на студентите Албанци во Македонија за правото на полагање на правосудниот испит на нивниот мајчин јазик ги извадија на виделина националистичките политики кои вешто ги користат политичките партии за билдање на нивните рејтинзи.
Последниот со барање студентите Албанци да полагаат правосуден јазик на албански јазик помина со промоција и под покровителство на лица од косовската политика кои дел од својата кариера и живот ја поминаа и ли ја поминуваат во Хашкиот трибунал. Ништо допирно со студии а уште помлаку со македонскто правосдуство немаат Хашим Тачи или Кадри Вејсели.
Во суштина секое барање за почитување на човеково право треба да биде поддржано, и од тоа нема потреба да се создава раздор или да се скандализира темата, но мора да се погледне подлабоко во позадината на протестот кој го злоупотребуваат функционери на ДУИ и јавни личности кои кариерите ги изградија врз основа на национализам.

Врвот на лицемерието на ДУИ беше присуството на нивни поранешни министри за правда кои долги години партиципираа во владите и на Груевски и на Заев, но ниту еднаш не ја отворија темата за правото на албанските студенти да го полагаат правосудниот испит на нивниот мајчин јазик.
Дека темата не заслужува такво ниво на зовривање на страстите покажува и потегот на владата која разговара за соодветно решение за полагањето на правосудниот испит на албански јазик, како и на другите професионални испити.

Секако, треба да се почитуваат барањата на младите, особено на студентите за промени и подобрување на стандардите, но и да ѝ се погледне на пропагандата во очи.
Запоседнувањето на протестите на политички активисти од земјава и регионот покажува јасни намери тој да се претвори во алатка за напад врз власта, особено врз ВМРО-ДПМНЕ како „антиалбанска партија“, и врз ВРЕДИ како „нелегитимен застапник на Албанците“ во Македонија.
Без да се навлегува во правничка дебата - треба или не треба да се полага правосуден испит на јазик освен македонскиот, поради употребата на службениот јазик во правните постапки - оваа дебата треба да се гледа чисто од потребата на студентите кои го поминуваат своето образование на албански јазик, и во таа насока да се најде и соодветното решение.

Исто така македонската јавност треба да се научи да одолее на одредени провокации и националистички фолклор, кој често го гледаме на ваков вид на протести и на собири организирани од партии како ДУИ или нивни политички активисти.
Особено во јавниот простор нема место за ширење на говор на омраза, ниту навреди на етничка и национална основа, и затоа нема никакво оправдување за напади врз Албанците или студентите кои искрено излегле на протестите.
Затоа власта треба брзо да реагира и да им го „одзеде кислородот“ за националистичкиот пожар, кој некои политички сили очигледно сакаат да го рашират, во недостиг на квалитетна програма и понуда за граѓаните на Македонија.
Финално, регионот и Европа видеоа уште еден обид на албанската политика, овојпат од ДУИ и од екстермистите од Косово со кој се предизвикуваат тензии во регионот. Носењето американски знамиња на некои од протетстите не ги прават “студентите“ ни американци ни демократи, туку само нов бран провокатори на тензии за партиски потреби на Али Ахмети кој, со семјството, ужива во пленот и богатството создавано две децении наназад и не го дели со нив додека тие работат за него
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата