Македонија е добро рангирана на Индексот за конкурентност и иновации на Западен Балкан, кој обезбедува компаративен преглед на состојбите и капацитетите за иновации и конкурентност во регионот, како и сет препораки за унапредување на јавните политики и поттикнување на одржлив економски раст. Ова беше посочено на презентацијата на Индексот, во организација на Центарот на истражување и креирање политики, во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер.
Министерот за дигитална трансфирмација Стефан Андоновски ја поздрави оваа активност на Центарот за истражување и креирање политики, особено во однос на тоа како може да се подобри иновативноста. Toј потенцира дека Владата годинава директно инвестира во иновации преку европски дигитални иновациски хабови и развој на Центарот за вештачка интелигенција „Везилка“, со цел поттикнување на дигиталната трансформација и конкурентноста на економијата.
– Како влада се движиме од регулација кон имплементација. Ако минатата година дефиниравме правила на иновации, го донесовме новиот закон за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво, оваа година веќе инвестираме директно во иновациите, истакна Андоновски.
Посочи оти тоа се реализира преку два европски дигитални иновациски хабови, во доменот на Министерството за дигитална трансформација, коишто со цел имаат дигитална трансформација, тест-бифор-инвест и лабораториско работење со приватниот сектор со компаниите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата