logo
logo
logo

Вечер Анализа

БЕШЕ ЕДНАШ ЕДЕН СДСМ... А што остана од него, најмногу знае Обвинителството

Vecer | 06.07.2026

БЕШЕ ЕДНАШ ЕДЕН СДСМ... А што остана од него, најмногу знае Обвинителството

Беше едно време кога случаен граѓанин, кој од време на време чита портали или гледа вести на телевизија, знаеше да наброи барем 5-6 луѓе од врвот на партијата СДСМ, од Бранко Црвенковски на падоле, барем толку. Без оглед дали му се допаѓаат или не, тие сепак оставиле трага во јавноста.

Но, времињата се променија. Ниту во СДСМ има идеологија и препознатливост, ниту има луѓе кои знаат кој раководи со партијата.

Никој надвор од СДСМ не може да наброи шест луѓе од врвот на партијата, бидејќи самите тие не претставуваат ништо во општеството, а оттаму ни во партијата. Анонимуси, прелетачи од една во друга партија, пензионирани функционери од нивните “невладини организаци“... Тие се.

Тоа е раководството на СДСМ денес. Анонимно и деструктивно и кон себе, и кон јавноста и кон државата. Венко Филипче и “Анонимните“ објавија повеќе од 50 “внатрешни непријатели“ кои - “за потреби на власта сакаат да ја растурат партијата“!

А, во суштина, нема што да се растури бидејќи, гледано структурно и политички, на Бихаќка нема партија туку “шелтер“, заштитена куќа за потреби на капиталот на Зоран Заев и Венко Филипче.

Паранојата на СДСМ почна кога Зоран Заев и Венко Филипче го прогласија Бранко Црвенковски за непожелен и “замрзнат“ затоа што им одржа предавање во МАНУ дека договарањето со Бугарија, под сега веќе познатите услови, е опасно за македонскиот идентитет и државност. Потоа, за потреби на Оливер Спасовски,  “непожелен“ стана и Максим Димитриевски далеку пред да се формира ЗНАМ.

Филипче, во арапската традиција од Дубаи и Емиратите, како муфтија почна да праќа “фатви“, поуки и пресуди кој е верен на исламот (сегашниот СДСМ) а кој не е. Се заредија “свилените гајтани“ за Петре Шилегов, Зоран Јовановски, Софија Куновска, Јован Деспотовски, Наташа Савова, Андреј Петров...

Непријател и предавник на СДСМ стана и “независниот аналитичар“ од редот на соросидите Петар Арсовски кој, според СДСМ, ја предал партијата која толку многу сторила за него, а се спомнуваа и пари за неговата партиска поддршка.

Петар Арсовски и порано во јавноста не бил сериозно сфаќан како “независен аналитичар“, а СДСМ само потврди дека “плукал по лебот кој го јадел“. Партискиот леб. За точка на неговата “независна аналитика“ потоа се јавија познатите “независни“ соросоиди кои по социјалните мрежи го ругаа Филипче дека не ја ценат поддршката од Петар Арсовски за СДСМ. Петар кој “секогаш се подметнувал себе за добро на партијата“... Тврдат неговите соросоиди. Хаос, цел валкан веш излезе за пет дена.

Се очекува уште само “стручен и независен“ став на нивниот Саше (Мактел) Политико и Бранко Тричковски да се јават, да фатат страна, и да ни кажат кој во случајов е “добриот“ а кој “лошиот“.

После нив, внатрешните непријатели се наможија над 50!

Пред пет дена се собраа 28 видни, за разлика од сегашното раководство на СДСМ, јавно познати и афирмирани лица од партијата како и угледни поддржувачи на СДСМ одржаа затворен собир со тема „Разговори за иднината”.

Никој од нив не е фатен како шмрка кокаин, не е прелетач од растурени партии во врвот на СДСМ, нема јахта или бизнис виза во Дубаи, не е заробеник на “соросовите фондови“ за финансирање и афирмација на еднополови бракови, бришење на “татко“ и “мајка“ од законите и животот, не учествувале лично во уривањето на државата со договори или потпишување на капитулација со Грција и Бугарија. Некои од нив имаат други гревови, но овие, капитални - не.

Значи, сосема различни од сегашното раководство на СДСМ, што во сегашниот врв на партијата беше дочекано со нескриен ужас, пореметување на свест и фрлање клетва за “предавство“.  

Тоа ескалираше по настапот на Игор Иванвски (Игор Шема), неформален претседавач на наведениот собир на ТВ Сител, после кој СДСМ го објавија следното:

„Игор Ивановски, познат и како „Шема“, во 30-минутното интервју за националната телевизија ниту еднаш не го спомена Христијан Мицкоски. Ниту еднаш. Затоа што не може да ја напаѓа својата шема. Човекот кој се претставува како алтернатива, како „опозиција на опозицијата“ и како демократ, во моментот кога СДСМ минува низ најсериозниот период на консолидација, од удобната фотелја и матните политички кулоари се обидува да тргува со партискиот супстрат.

Во 2024 и 2025 година имаше внатрепартиски избори. Зошто тогаш Ивановски не направи своја реформска програма и не се кандидираше против Венко Филипче? Зошто не побара доверба од членството кога беше на високи позиции? Наместо тоа, денес однадвор, заедно со луѓе од други партии, се обидува да ја слабее и дели СДСМ. Таканаречените реформски крила во СДСМ денес не се ништо повеќе од политички опортунисти. Тоа не е реформа. Тоа е класично саботирање.“ 

Така, бројот на јавни анатеми и клетви од СДСМ ја помина бројката од над 50 лица. Прво “внатрешните“ над 50 непријатели, а потоа заклучокот дека сите “предавници“, се орагнизирани од Христијан Мицкоски, Александар Николоски, Латас, Богдан Бетмен, Ивона Талевска и Бранко Героски (персонално посочени од СДСМ, од соопштенија до јавни изјави на раководството).

Што ќе биде понатаму по овој кошмар во врвот на СДСМ?

Прво, организирани удари од страна на СДСМ во ВМРО ДПМНЕ се работа на традиција и дополнителни активности на полицајци под нивна контрола, како Зоран Верушевски и неговиот сорабоник Љупчо Палевски Палчо, на пример.

Уште во деведесеттите првите удари беа кога Доста Димовска се судри со Борис Змејковски. Успешно, Доста Димовска остана на власт, Змејковски замина, со што успеа планот на Верушевски ВМРО-ДПМНЕ да има моќна “бугарска компонента“ како слаба точка за јавни и политички удари.

Во 2005-та година тогашна потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ побара од Никола Груевски да се раскине коалицијата со Социјалистите и Ѕинго заради “некомпатибилност“ или таа ќе даде оставка... Но, во овој случај обидот не помина. Груевски ја прифати нејзината оставка. Црвенковски умерено, а  Зоран Заев брутално, потоа, на митинзи и јавни настапи постојано се истакнуваше дека “Сител и Латас се најголми непријатели и проблем на СДСМ...“. Што ќе беше ако се прифатеше ултиматумот од тогашната потпретседателка на ВМРО ДПМНЕ?

Најновиот обид, организираниот пуч со директна логистичка поддршка од Зоран Заев, Венко Филипче и СДСМ за пуч во ВМРО-ДПМНЕ, за соборување на Христијан Мицкоски и Александар Николоски спроведуван од Сашо Мијалков, Никола Тодоров (шеф на Филипче кога Венко беше со ВМРО-ДПМНЕ) и Ивица Коневски. Ни тој обид на СДСМ не успеа. А што ќе беше со ВМРО ДПМНЕ и со Македонија да успееше пучот, и некој од тројката да станеше претседател на ВМРО ДПМНЕ?

Што ќе биде со СДСМ по овој кошмар? Ништо. Ујдисани со Левица СДСМ ќе загуби кредит и поддршка и кај дипломатите

Шеќеринска ќе го турка планот за Стево Пендаровски како иден претседател на СДСМ што предизвикува дополнително разочарување, па дури и бес, кај традиционалните гласачи на СДСМ.

Најпосле, ни во СДСМ не знаат што, на крајот, ќе биде со нив. Чекаат... и гледаат во обвинителството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk