logo
logo
logo

Сезимолошката опсерваторија апелира:

НЕ ШИРЕТЕ НЕПРОВЕРЕНИ ИНФОРМАЦИИ И ПАНИКА - тоа е казниво со закон!

Vecer | 05.11.2024

НЕ ШИРЕТЕ НЕПРОВЕРЕНИ ИНФОРМАЦИИ И ПАНИКА -  тоа е казниво со закон!

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ги повика медиумите во своите објави за случени и почувствувани земјотреси да ги користат исклучиво нејзините официјални информации бидејќи, како што наведува, „споделувањето невистинити и погрешни податоци може да предизвика општа паника на населението и тоа е казниво со закон“.

Опсервацијата реагира со допис до медиумите „поради зачестено ширење непроверени информации за случени и почувствувани земјотреси“.

Во реакцијата Сеизмолошката опсерваторија потсетува дека и со закон таа е единствена институција во Републиката задолжена и овластена да ја одржува сеизмолошката мрежа и да ги објавува податоците за сеизмичките појави, вклучувајќи го и известувањето на јавноста за почувствуваните земјотреси во државава.

-За навремено информирање на јавноста за случените и почувствувани земјотреси, Сеизмолошката опсерваторија испраќа известување до медиумите по електронска пошта, наведуваат од Опсерваторијата и додаваат дека медиумите може да ја контактираат институцијата за дополнителни информации. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk