logo
logo
logo

АХМЕТИ МУ ЈА ПУШТИ ФАКТУРАТА НА ТАРАВАРИ, сега мора да одработи за тоа што го добил и што ветил

Vecer | 25.04.2025

АХМЕТИ МУ ЈА ПУШТИ ФАКТУРАТА НА ТАРАВАРИ, сега мора да одработи за тоа што го добил и што ветил

Министерот за здравство, Арбен Таравари од Алијанса на Албанците, го направи наризичното губитничко сценарио во политиката, а тоа е во време на тензии помеѓу две спротиставени политички опции (ВЛЕН и ДУИ) да претрчува од еден кај друг, па назад, па повторно... во обид да тргува и да обезбеди бенефити за себе кои, според досегашното искуство на Таравари, се од материјална природа.Т

Таравари, притоа, се бори за свои лични бенефити, како што два пати веќе досега направи и резултат на тоа е, помеѓу останатото, куќа во Тафталиџе за што сите медиуми пишуваа со оценка дека се работи за скандалозен настан на политичка трговија со влијание.

Таравари, овојпат, заборави дека трговијата за свој бенефит не е како порано, дека неговата група од Алијанса е во власта, и дека пратениците на Алијанса и другите од врвот на групата немаат никакви бенефити од неговите трговии а ги влече во опозиција и станува “резервна гума“ за спас на Али Ахмети и ДУИ, нешто што не е прифатливо бидејќи токму соработката со ДУИ беше спорна за Алиајнса да се подели, дел да влезе во ВЛЕН, и со победа на изборите во албанскиот блок да влезе и во власта. А тоа е цел на секоја политичка партија, доколку нивниот лидер Таравари нема некои засега непознати обврски кон Али Ахмети и ДУИ.

Најмалку двајца пратеници од Алијанса меѓу колегите во Собранието но, и локални активисти на Алијанса од општинските организации од Гостивар и Тетово по социјалните мрежи веќе порачуваат дека Таравари од порано има обврски, финансиски, кон Али Ахмети и сега фактурата е дојдена на наплата по што Таравари е принуден да одработи за потребите на Ахмети и ДУИ без оглед на последиците по делот на Алијанса које е во власта.

Тоа е и фактичката и логичната причина за постапките на Таравари од власт да премине во опозиција, и тоа во време кога рејтингот на ДУИ и СДСМ е најмал во нивната партиска историја и нема ни теоретски шанси во скоро време тие да добијат власт, или бидат дел од власта во државата.

И, она што е најмногу истакнувано во албанскиот политички камп, особено во коалацијата на ДУИ - Зијадин Села и Арбен Таравари никако не можеат да бидат на иста политичка страна, па Таравари ќе заврши или без гласачи во ДУИ и во длабока опозиција или на улица, а Зијадин Села ќе оди во власта, и сите кои би тргнале по Таравари би завршиле како него, но без бенефитите кои Травари му ги должи на Ахмети.

Политиката на ВЛЕН јавно ја поддржа и американската амбасадорка Агелер која, во шпицот на овие тензии, имаше средба со Изет Меџити и му даде поддршка.

Најголем дел од членството на Алијанса за Албанците на Таравари сакаат да останат во ВРЕДИ, тврди Меџити во вечерашната Топ Тема на Телма.

Не може да се минимизира придонесот на Таравари во изборната победа на ВРЕДИ, но не може да се занемари и фактот што тој со излегувањето од коалицијата си ја подели партијата, смета вицепремиерот и еден од лидерите на ВРЕДИ, Изет Меџити.

Не е важно кој ќе биде лидер на партијата, туку како таа ќе функционира и ќе ја потврди победата кај албанскиот блок на локалните избори, рече во вечерашната Топ Тема на Телма првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk