logo
logo
logo

ЗАТВОРЕНИ КЕТЕРИНГ-ФИРМА И МЕНЗА ВО ПРИЛЕП по труењето на 41 вработен во „Микросам“

Vecer | 02.07.2026

ЗАТВОРЕНИ КЕТЕРИНГ-ФИРМА И МЕНЗА ВО ПРИЛЕП по труењето на 41 вработен во „Микросам“

Државниот санитарен и здравствен инспеторат издаде забрана за вршење дејност во прилепската кетеринг-фирма „Рустика“ и во мензата на компанијарта „Микросам“ во врска со случајот на труење со храна, при што 41 вработен во компанијата „Микросам“ по оброкот покажале симптоми на труење.

Инспекторатот заедно со прилепскиот Центар за јавно здравје со Институтот за јавно здравје и со Агенцијата за храна и ветеринарство изврши вонреден надзор.

„По известувањето од Центарот за јавно здравје од Прилеп по пријави за заболување со знаци на труење прво кај 17 вработени во компанијата „Микросам“активиран е Националниот протокол за постапување на надлежните институции при сомневање и појава на елементарни инспеции и интоксикации. Инспекцискиот надзор е извршен на две локации, во ДПТУ РУСТИКА ВЕДИНГ ХОЛ ДООЕЛ и во мензата во склоп на фабриката ДЕДЛ МИКРОСАМ  ДОО и двете во Прилеп. Издадено е усно решение на записник за забрана на вршење на дејност во објектот на  ‘Рустика’ и на мензата во ‘Микросам’. Забраната ќе трае до добивањето на негативни наоди од лабараториското испитување на земените примероци и извршените препорачани  протиепидемиски мерки“, се вели во соопштението од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Од Инспекторатот соопштуваат и дека на двете локации не биле констатирани санитарно-технички и санитарно-фигиенски недостатоци.

Од прилепскиот Центар за јавно здравје информираа дека од 61, 41 вработен во прилепската компанија добија симптоми на труење со храна по конзумирањето на оброкот во првата смена во понеделникот. Сите добиле средна клиничка слика и нема хоспитализирани, туку по терапија се упатени на домашно лекување.

Во Центарот за јавно здравје ги чекаат резултатите за видот и начинот на труењето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk