Известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц во изјава за Телевизија Канал 5 рече дека интервјуто дадено за бугарска телевизија е снимено пред повеќе од седум недели, и според него, Северна Македонија бележи напредок во реформскиот процес и има дополнително време да ги исполни потребните обврски во рамки на реформската агенда до јуни.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска напомена дека владата под негова палка нема да води дипломатија за пари, туку ќе води стабилна политика, со поддршка од граѓаните.
-Јас како човек нема да влезам во каква било авантура без претходно да го знам крајот, а тој да биде позитивен за граѓаните коишто ме гласале и оние кои не ме гласале, па и оние кои што не ни излегле на гласање затоа што толку многу работи за седум години влада СДСМ/ДУИ толку многу дипломатија за пари е аплицирана што сето тоа ние мораме на потешкиот начин да го корегираме и го корегираме, чекор по чекор, малку по малку доаѓаме до многу поповолна позиција. Ние ја видовме нивната евроинтегративна политика, променија име, го лажеа народот за бесплатно здравство, за квалитетно образование и не знам што не и застанавме поназад од кого било во регионот. Таква дипломатија за „жолтици“ ние нема да водиме, ние ќе водиме стабилна политика која граѓаните ја препознаваат и поддржуваат и се додека е така ние ќе се бориме да ја оправдаме таа поддршка, посочи премиерот на денот кога известувачот Вајц ги демантираше лагите на Венко Филипче со злоупотреба на интервју старо два месеци за некаков имагинарен застој во реформите за ЕУ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата