logo
logo
logo

„ОСТАНЕТЕ БЕЗБЕДНИ И ЧУВАЈТЕ НЀ БЕЗБЕДНИ“

Vecer | 03.03.2026

„ОСТАНЕТЕ БЕЗБЕДНИ И ЧУВАЈТЕ НЀ БЕЗБЕДНИ“

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска од касарната Илинден во Скопје порача дека е од клучно значење сите 32 сојузнички држави – меѓу кои и Северна Македонија – да дејствуваат заедно за да ја гарантираат безбедноста на територијата на Алијансата.

Обраќајќи им се на припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група, Руте истакна дека е импресиониран од ангажманот на земјата како членка на НАТО од 2020 година. Тој го нагласи придонесот на македонските сили во копнените операции, поддршката за Украина и посветеноста на одбраната на секој дел од територијата на Алијансата.

– Навистина ми е чест што сум овде. Ви посакувам сè најдобро. Останете безбедни, и чувајте нè безбедни – порача Руте на крајот од обраќањето.

На настанот, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски му врачија Големи плакети на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

Ова е прва посета на Руте на Скопје во својство на генерален секретар на НАТО. Тој претходно престојуваше во земјава во ноември 2021 година како премиер на Холандија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk