logo
logo
logo

Собранието на Бугарија го ратификуваше Договорот за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Vecer | 13.02.2026

Собранието на Бугарија го ратификуваше Договорот за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.

Овој Договор во декември беше ратификуван и во Македонското Собрание.

Со ова се исполнети сите услови за доизградба на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас.

Горд сум што овој Договор кој го потпишавме на 6ти Ноември со заменик претседателот на Владата на Бугарија Гроздан Караџов ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридор 8 кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и нашите стратешки партнери.

Паралелно го развиваме и Коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани.

Продолжуваме да работиме!, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk