„Фасадна демократија“, „затворена куќа“, „маскирана автократија“ и „реформи без букви“. Вака гласат дел од критиките по конгресот на ДУИ што се одржа во саботата за кои пишува Алсат. Додека лидерот на ДУИ Али Ахмети побара радикални промени, Бадентер и „Нов национален договор“, неговите поранешни и актуелни истакнати сопартијци му упатија тешки пораки.
Се чини дека празничната еуфорија не ја засени горчината што се рашири меѓу старите кадри на ДУИ.
Испрана облека не е нова облека, реформа про форма
За некогашниот сојузник на Ахмети, сегашен лидер на движењето Вреди, Изет Меџити, Конгресот бил куклен театар по мачен изборен дебакл во кој, како што вели Меџити, никој од ДУИ не бил повикан и никој не бил побаран за политичка одговорност.
„Наместо да размислува, театарскиот конгрес делеше памфлети со ‘големи теми’ за да го покрие неуспехот, но уште полошо, да не се дискутира за суштинското прашање. Денес видовме рециклирање на старите имиња кои Конгресниот театар се обиде да ги презентира со нова амбалажа нарекувајќи го процесот реформа на процесот на центрифугирање. Но, испрана облека не е нова облека!“, истакнува Меџити за кого реформата во ДУИ е само про форма.
„Ротација на членови не е демократија“
Валмир Азири, поранешен државен секретар, го нарече конгресот „организирана претстава со ракоплескања“. Според него, изборите за нови членови биле само ротација, а не демократија.
– Без вистинска одговорност, секој конгрес е само продолжение на истата потрошена приказна – рече Азири.
Џабе нова фасада кога темелите се скапани
Беким Мурати, поранешен градоначалник на Сарај, ја искористи метафората која веќе стана симбол на незадоволство.
– Новата фасада не ја спасува куќата со скапани темели! Ова не е реформа, туку рециклирање – изјави Мурати, навестувајќи дека старото раководство само си ги заштитува позициите.
„Ни Р од Реформи, го дадовте Скопје“
Во истиот тон, Илјаз Лесковица, поранешен советник од ДУИ во Шуто Оризари, истакна дека главниот град бил целосно занемарен.
– Денес Скопје е во чевлите на Изет Меџити, без глас и без тежина. Дури ни буквата „Р“ не остана од реформите – рече тој.
Наградивте премногу недостојни луѓе
Поранешниот вицепремиер Фестим Халили од ДУИ му ја подаде раката на лидерот Али Ахмети, но со тежина во зборовите.
– Време е за морално размислување. Премногу интелектуалци беа спречени тивко, а недостојни луѓе беа наградени со функции. Ако сакаме да останеме релевантни, мора да ја вратиме меритократијата – рече Халили, критикувајќи ја четирипати повторениот изборен пораз на ДУИ.
„Комунизам во ДУИ“
Ремзи Абдулахи го дефинираше процесот како „затворање на партијата“ и предупреди на „менталитет на комунизам“, во кој одлуките се носат во една канцеларија.
Конгресот заврши со избор на Арбер Адеми за генерален секретар, додека Фатон Ахмети беше именуван за потпретседател. Во врвот остануваат Бујар Османи и Арбана Пашоли, а Еркан Арифи и Арта Билали-Зендели се нови потпретседатели.
Во сенката на овие критики, дел од јавноста веќе го нарече конгресот на ДУИ – „Конгрес на континуитетот“, а не на реформите.
Лидерот на ДУИ, пак, Али Ахмети, барајќи нов „национален договор во духот на Рамковниот договор“ побара Бадентеровото мнозинство да се користи за избор на Влада, но и при одлуки во Уставниот суд.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата