logo
logo
logo

Николоски за Савески: ПРОФЕСИОНАЛЕЦ, ДОКАЖАН ВО РАБОТАТА И БЕЗ НИТУ ЕДНА ДАМКА ВО КАРИЕРАТА

Vecer | 18.03.2026

Николоски за Савески: ПРОФЕСИОНАЛЕЦ, ДОКАЖАН ВО РАБОТАТА И БЕЗ НИТУ ЕДНА ДАМКА ВО КАРИЕРАТА

На Македонија очајно ѝ е потребна правда и владеење на правото. Ѝ треба јасно отворање и процесуирање на случаи кои ќе значат подобрување на имиџот на државата и на обвинителско-правосудниот систем, рече вицепремиерот Александар Николоски на собраниската седница на која се избира државен јавен обвинител.

Во име на Владата, предложен е Ненад Савески, за кој вицепремиерот Николоски истакна дека е професионалец, докажан во својата работа и, како што потенцира, без ниту една дамка во својата професионална кариера.

„За жал оваа состојба во која е обвинителско-правосудниот систем е состојба коja не дава доверба кај граѓаните, состојба која ги тера многу од граѓаните да не веруваат во системот, почесто да има неправда отколку правда, а и тогаш кога има правда заради скепсата која постои меѓу граѓаните, тие да се прашуваат дали навистина се донела правилната одлука. Не случајно нема разговор, нема дебата и нема сериозни критики за обвинителско-правосудниот систем како што не случајно рејтингот на овие две институции е околу 2 %. Тоа ќе е сериозна задача за новиот Јавен обвинител кој го предлагаме, тоа е магистер Ненад Савески, човек кој што е долго во обвинителско-правосудниот систем, со сериозен стаж и искуство, човек кој бил обвинител, судија и сега повторно ќе ја има шансата да е прв меѓу обвинителите. Се работи за еден човек кој што е еден од светлите примери во македонското судство и обвинителство, кој што позади себе нема дамки. Имаме човек кој е мотивиран и кој ќе биде прв кој треба да испорача правда во Македонија”, рече Николоски пред пратениците.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk