logo
logo
logo

64 нови пациенти само во Скопје, а скоро 2000 се лекуваат низ земјата

Vecer | 14.04.2021

64 нови пациенти само во Скопје, а скоро 2000 се лекуваат низ земјата

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 64 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 703 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 31 прием.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 14 примени пациенти и 8 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле  биле примени 4 нови болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 5 пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 71 оздравен пациент.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 141 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 154 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 7 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 49 болни.

Вкупно 703 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1059 пациенти

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1059 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 149 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 97 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 99 болни, а во Куманово 111 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 124 во ковид центарот во Гостивар 44, а во Струга 25 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 104 пациенти, во Кочани 34 во Кичево 31, Кавадарци 61, а во Гевгелија 27 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1762 и има околу 310 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk