logo
logo
logo

ДЗС доби ново повеќенаменско „АТВ“ возило како донација од Романија

Vecer | 21.05.2026

ДЗС доби ново повеќенаменско „АТВ“ возило како донација од Романија

Денеска во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) се изврши примопредавање на донација, конкретно на возило за повеќе намени – „АТВ“ (четирицикл), помеѓу Амбасадата на Романија во Република Македонија, претставувана од Јоана Вероника Цјолка, заменик-амбасадор и директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Донацијата е реализирана огласно проектот насловен „Помош во областа на управување со итни ситуации“ (Проект бр. 1464 од 3 јуни 2025 година), склучен помеѓу Агенцијата за меѓународна соработка и развој (РоАид – RoAid) при Министерството за надворешни работи на Романија и ДЗС.

Имено, Романија е докажан и значаен партнер на Македонија и во сферата на спасувањето и заштита, а агенцијата „РоАид“ веќе неколку години континуирано придонесува кон развојот и јакнењето на капацитетите на ДЗС преку реализација на три проекти, за обезбедување опрема за справување со катастрофи и итни ситуации.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk